Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, се соочува со сериозни проблеми во составот пред претстојното гостување кај Чешка во Лигата на нации. „Црвената фурија“ на овој дуел нема да може да смета на ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал, и на капитенот на Реал Сосиедад, Микел Ојарзабал.
Јамал се жали на болки во десното колено по неделната победа на Барселона над Атлетико Мадрид (2-1), додека Ојарзабал е надвор од строј поради воспаление на крајниците. Поради овие здравствени проблеми, двајцата фудбалери ќе му се приклучат на репрезентативниот табор подоцна од предвиденото и дефинитивно отпаѓаат за дуелот во четврток. Сепак, лекарскиот тим очекува тие да бидат подготвени за неделниот дерби-натпревар против Англија на домашен терен.
Дополнителен удар за Де ла Фуенте е и повредата на крилниот фудбалер на Реал Сосиедад, Андер Баренечеа, кој мораше да го откаже настапот. Селекторот реагираше експресно и како негова замена во националниот тим го повика членот на Рајо Ваљекано, Хорхе де Фрутос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
