Македонскиот ракометен шампион Вардар и полскиот репрезентативен пикер Виктор Јанковски ја продолжуваат соработката и за наредната сезона.
Раководството на клубот со задоволство објави дека искусниот кружен напаѓач ќе го носи „црвено-црниот“ дрес најмалку до 2028 година.
Јанковски во изминатиот период се етаблираше како една од најважните алки во составот на Вардар, покажувајќи клучни партии како во домашниот шампионат, така и на меѓународна сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
