Марселињо Хуертас потпишува со Дубаи

Марселињо Хуертас веќе длабоко зачекори во својата петта деценија, но и покрај годините и „километражата“ што ја има зад себе, тој би можел уште еднаш да се испроба во Евролигата.

Хуертас е член на Тенерифе, тим кој со години настапуваше во Лигата на шампионите каде што имаше помалку натпревари отколку што би имало во Еврокупот или Евролигата но, од друга страна, тука е и исклучително напорната шпанска лига.

Во тековната сезона тој е одличен, како и секогаш, па според моменталната ситуација, постои можност повторно да заигра во Евролигата.

Шпанскиот кошаркарски инсајдер Сема де Лукас тврди дека Хуертас ќе се пресели во Дубаи. Во АЦБ лигата, тој бележи просек од 14,3 поени и четири асистенции по натпревар. Во Еврокупот, пак, има просек од осум поени и пет асистенции за 18 минути игра.

Се вчитува...