Шеиците купуваат клуб од Евролигата?!

Повеќекратниот италијански шампион, како и екс-европски шампион, Виртус Болоња наскоро би можел да добие нови сопственици и тоа од Обединетите Арапски емирати.

Според италијанскиот весник „Република“, сопственикот на Виртус, Масимо Занети, веќе извесен период се обидува да го продаде тимот, а првата конкретна понуда му пристигнала од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Моментно две опции се на преговарачка маса, Занети целосно да го продаде Виртус, или инвеститорите од ОАЕ да купат 50 отсто од акции. Според „Република“, пореална е втората опција.

Занети исто така доби понуда и од инвестициски фонд од САД, но преговорите се прекинати бидејќи предност им се дава на инвеститорите од ОАЕ.

Се вчитува...