Легенда на Реал станува тренер на второлигаш

Ледгендарниот капитен на Реал Мадрид и на шпанската репрезентација, Раул Гонзалез Бланко, ќе биде нов тренер на екипатан на Овиедо, објавија шпанските медиуми.

Ова ќе биде тренерска работа за Раул Гонзалез која не е поврзана со Реал Мадрид. Тој минатата година по заминувањето на Чаби Алонзо од првиот тим на Реал, ја напушти клупата на вториот тим Реал Мадрид Кастиља кого го водеше на повеќе од 200 натпревари. Раул со младинците на Реал Мадрид триумфира и во Лигата на шампионите до 19 години.

Раул Гонзалез во Овиедо доаѓа на местото на Хулијан Калеро на кого му пресуди поразот и елиминацијата во Кралскиот куп четвртолигашот Нумансија.

Весникот „Ас“ пишува дека Раул дебито на клупата на Овиедо ќе го има претстојниот викенд против Жирона.

 

 

Се вчитува...