Трансферот на Горан Пандев во Интер е избран меѓу петте најдобри трансфери на напаѓачи реализирани во зимскиот преоден рок во Серија А во 21. век, според италијанското издание на магазинот УЕФА.
Преселбата од Лацио во Интер како слободен играч во јануари 2010, УЕФА ја оцени како еден од најуспешните ангажмани во италијанскиот фудбал. Пандев беше последното „делче од сложувалката“ кое му беше потребно на Жозе Мурињо, неговата улога во тимот беше клучна за Интер во походот кон тројната круна. По само неколку месеци Пандев го освои Скудетото, Италијанскиот куп, како и Лигата на шампиони, а се најде меѓу првите 11 во составот на португалскиот стратег во финалето против Баерн Минхен.
Во вториот дел од сезоната 2019/2010, Пандев настапи на 19 натпревари во Серија А, три пати се запиша во листата на стрелци, додека шест пати намести погодок.
ТОП 5 трансфери кои го одбележaa јануарскиот преоден рок во Италија во 21. век:
Џузепе Роси – од Манчестер јунајтед во Парма – позајмица, јануари 2007 година
Алесандре Пато – од Интернационал во Милан – 22 милиони евра, јануари 2008 година
ГОРАН ПАНДЕВ – од Лацио во Интер – слободен фудбалер, јануари 2010 година
Марио Балотели – од Манчестер сити во Милан – 20 милиони евра, јануари 2013 година
Мохамед Салах – од Челси во Фиорентина – позајмица – јануари 2015 година
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА