ФИФА ја зголеми цената на најскапите билети за финалето на Светското првенство на 19 јули на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд (Њујорк), кои сега чинат 32.970 долари.
На страницата за продажба на ФИФА, овие седишта се означени како „прва категорија еден“.
Претходно, највисоката цена за истата категорија беше 10.990 долари, а таа опција беше достапна само за корисници на билети за инвалидски колички и лица со пристапни можности.
Билетите за полуфиналето на 14 јули на стадионот „АТ&Т“ во Арлингтон (Далас) чинат 11.130, 4.330, 3.710 и 2.705 долари, додека за второто полуфинале еден ден подоцна на стадионот „Мерцедес-Бенц“ во Атланта, беа понудени по цени од 10.635, 3.545 и 2.725 долари.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ја бранеше таквата политика на глобалната конференција на Институтот Милкен во Беверли Хилс.
Сепак, сега дури и американскиот претседател Доналд Трамп сега јавно го изрази своето незадоволство, кој во интервју за „Њујорк пост“ призна дека самиот не би потрошил толку пари за да ги гледа натпреварите од Светското првенство во живо.
Трамп беше изненаден кога дозна дека најевтините билети за некои од натпреварите од групната фаза надминуваат 1.000 долари.
„Не знаев дека цените се толку високи. Искрено, ниту јас не би платил толку“, рече Трамп.
Според податоците од платформата „СтабХаб“, најевтиниот билет за натпреварот меѓу САД и Парагвај на стадионот „СоФи“ во Лос Анџелес чини повеќе од 1.050 долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
