Бабунски и Јокохама по продолжение го „загубија“ трофејот во „Купот на императорот“

Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски не успеа да дојде до својот прв трофеј во Јапонија. Бабунски и неговиот Јокохама Маринос загубија во финалето на „Купот на императорот“ од Церезо Осака дури по продолжението со 1-2.

Бабунски го почна финалето од првата минута. Јокохама прва дојде до предност со голот на Ито уште во 8. минута од средбата, но противникот најпрво израмни во 65. минута со голот на Јамамура, а потоа во продолжението со голот на Мизунума во 95. минута си го осигура трофејот.

Babunski radost

Македонскиот фудбалер на теренот остана до 69. минута кога беше заменет од Уго Виера.

Се вчитува...