Енис Барди е еден од македонските фудбалери кои оставија најсилен печат ов оваа 2017 година. По одличните настапи за Ујпешт и за македонската младинска репрезентација, Барди од многуте понуди ја избра онаа од Леванте и не погреши, во клубот од Валенсија доби шанса да ги покаже своите квалитети што експресно ја искористи и се наметна како еден од лидерите на овој шпански прволигаш.
„Од првиот момент кога слушнав дека ме бара Леванте и дека има можност да се преселам во Ла Лига, без размислување прифатив знаејќи дека тоа е вистинскиот избор за мене“ – изјавува Барди за шпанските медиуми.
Со 1082 минути тој е петти играч со најголема минутажа во дресот на Леванте, веќе постигна и четири погодоци во Примера дивизион. Среќен во новата средина, иако веќе добива понуди од останатите клубови, Барди своите планови за иднината ги врзува со Леванте.
„Од првиот ден кога пристигнав овде, сите во клубот се погрижија да се чувствувам прекрасно, што не беше лесно бидејќи јас не зборувам шпански, а тие не зборуваат англиски. Затоа, моја цел е да останам овде и да му помогнам на тимот да оствари што подобри резултати. Мојот сон е да заиграм со Леванте во Лигата на Европа, зошто да не и во Лигата на шампионите. Желба ми е да постигнам 15 гола и да имам многу аситенции, сите мои амбиции се врзани за овој клуб и за Ла Лига“ – истакнува Енис Барди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА