Селекторот на Хрватска, Лино Червар вели дека во првата фаза од подготовките за ЕП се работело главно на хомогенизација на екипата и создавање тимски дух… Но, вели дека и со оглед на тоа што не сите ракометари пристигнале во иста форма мора тренинзите да бидат под силен ритам како подготвени би го дочекале Европскиот шампионат во својата земја.
„Некои дојдоа во подобра форма, некои со физички дефицит, па некои во оваа прва фаза помалку тренираа а на некои навистина ги ‘умрев’… Но, она најважното е дека никој не се жали, тоа е навистина охрабрувачки. Имаме заедничка цел и сите покажуваат огромна желба да направат нешто на ова првенство. Работиме на хомогенизација и создавање тимски дух. Сакаме на ЕП не само да оставиме некој белег туку да постигнеме врвен резултат. Можеме и го заслужуваме тоа“ – вели Червар пред Европското првенство кое следниот месец се одржува во Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА