Бруно Фернандеш, играч на сезоната во Премиер-лигата

Бруно Фернандеш е добитникот на престижното признание за најдобар фудбалер во Премиер-лигата за сезоната 2025/26, во гласањето на фудбалските новинари во Англија.

Манчестер Јунајтед најверојатно ќе го освои третото место на табелата, но Фернандеш игра извонредно цела сезона, досега постигнувајќи осум гола со дури 19 асистенции.

Фернандеш е добитник на оваа награда со само 28 гласа повеќе од второпласираниот Деклан Рајс од Арсенал, на третото место се најде  Ерлинг Халанд.

Португалецот стана прв фудбалер на Манчестер јунајтед што стигнува до големото признание по Вејн Руни во 2010 година.

Се вчитува...