Новак Ѓоковиќ доживеа уште едно големо разочарување откако тенискиот великан беше поразен на самиот старт на турнирот во Рим, и тоа од 20-годишниот Хрват Динмо Прижмиќ кој моментно се наоѓа на 79. место на АТП-листата.
Ѓоковиќ на овој турнир се врати на терените по незгодната повреда и се очекуваше да го искористи како загревање за Ролан Гарос, но српскиот тенисер целосно потфрли, иако одличчно го одигра првиот сет добивајќи го со 6-2.
Кога се очекувашше рутинско завршување на работата, публиката проследи чудесен пресврт на младиот Хрват, Прижмиќ почна да доминира на теренот, Ѓоковиќ грешеше, па аутсајдерот набрзина поведе со 0-4, добивајќи го сетот со 2-6.
Во решавачкиот сет клучниот брејк беше направен за водство од 2-3, потоа и 2-4, предност што Прижмиќ ја задржа до самиот крај и конечните 4-6.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
