Божиќните и новогодишните празници вообичаено ги „принудуваат“ фудбалерите и од домашното првенство и оние интернационалците на одмор по првиот дел од шампионатот…
Иако за некои нема пауза во првенствата, како за Езгијан Алиоски во Англија, но и Горан Пандев, Несторовски, Трајковски во Италија, сепак католичкиот Божиќ носи „слобода“ за мигови со семејството.
Затоа, пак, капитенот на Шкендија Ферхан Хасани слободниот период го минува во Париз, голманот на Вардар, Игор Алексовски е во Боровец, Бугарија, а Енис Барди откако заврши со настапите за Леванте оваа година дел од слободни денови ги минува во Барселона… Настапите во дресот на Спортинг Лисабон за оваа година си ги заврши и Стефан Ристовски…
[new_royalslider id=”883″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА