Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски ќе има можност уште во првата година по преселбата во дресот на Јокохама Маринос во Јапонија да се бори за својот прв трофеј на Далечниот Исток.
Јокохама обезбеди место во финалето од „Купот на императорот“ во Јапонија откако во полуфиналната пресметка славеше со 2-1 по продолжението против екипата на Кашива. Победничкиот гол за Јокохама го постигна Виеира во 118. минута од средбата.
Претходно во регуларниот дел мечот заврши 1-1, откако Кашива поведе со голот на Рамон во 11. минута а израмни Ито во 69. минута.
Давид Бабунски не доби шанса за настап во полуфиналето, останувајќи на клупата за резервни фудбалери. Во финалето Јокохама ќе се соочи против Церезо Осака, тимот кој претходно го освои и Лига купот на Јапонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА