Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски го запиша и својот трет гол во дресот на Палермо сезонава.
Во 20. коло од Серија Б, Трајковски уште во 9. минута стрелаше за водство од 0-1 на Палермо на гостувањето против Чезена. Македонскиот офанзивец постигна ефектен гол, потврдувајќи ја формата во која се наоѓаа оваа есен, и покрај ограничената можност која ја добива во дресот на сицилијанскиот клуб.
По 80 минути игра на дуелот е 1-1, откако Јалов израмни за Чезена во 34. минута.
Илија Несторовски, како што е познато, поради повреда не е во составот на Палермо, кој е лидер во второлигашката конкуренција во Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА