Илиев од Работнички се пресели во Академија Пандев

Досегашниот фудбалер на Работнички, Томислав Илиев, во иднина ќе го носи дресот на Академија Пандев. Десниот бек оваа зима го раскина спогодбено договорот со „романтичарите“ и одлучи да се врати во Струмица. Тој претходно настапуваше за Хоризонт Турново, а сега ќе биде нова аквизиција на новиот прволигаш Академија Пандев.

Тимот на Академија Пандев го заврши есенскиот дел од првенството на четвртата позиција со 25 освоени бода, а Томислав Илиев е прво засилување за нив во зимскиот преоден рок.

Се вчитува...