Македонскиот фудбалски интернационалец Томе Китановски е близу до преселба во БиХ, и тоа во шампионот на оваа земја, екипата на Зрињски од Мостар.
Тој ја стартуваше сезонава во шампионатот на Хрватска, каде прикажуваше солидни игри во дресот на Истра. Сепак, очајната финансиска состојба на клубот од Пула придонесе тој да си замине од оваа екипа, а Китановски според последните информации е многу близу до наоѓање на нов ангажман.
Челниците на Зрињски веќе го контактирале Македонецот и како што јавуваат медиумите во БиХ, големи се шансите тој да потпише договор со оваа екипа. Китановски би бил значаен адут на Зрињски во битката за одбрана на шампионската титула, со оглед на фактот дека овој тим моментно се наоѓа на втората позиција, со еден бод заостанување зад лидерот Жељезничар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА