Бобан Николов, фудбалерот на Вардар и македонски сениорски репрезентативец, кој играше со селекцијата до 21 година на Европското првенство во Полска оваа 2017 година, се најде меѓу добитниците на признанието „19 декември“ на Општина Штип. Николов зад себе има година за паметење, со настапот на ЕП за млади, но исто така и како дел од тимот на Вардар кој за прв пат во историјата успеа да се пласира во групната фаза на Лигата на Европа.
Во Соборниот храм „Свети Никола“, патронот и заштитникот на Штип, градоначалникот Благој Бочварски вечерва ги додели наградите на истакнати граѓани за посебни остварувања во повеќе области на животот. Орденот „Свети Никола“ постхумно му беше доделен на првиот претседател на самостојна и независна Македонија, Киро Глигоров, а признанието го прими неговата ќерка Донка. Градоначалникот Бочварски го истакна големиот придонес на Киро Глигоров за осамостојувањето на Македонија, но и за неговата улога во развојот и признавањето на држаата од земјите во светот.
Признанија „19 декември“ добија и актерките Наташа Петровиќ, Сања Арсовска и стопанственикот Трајан Ангелов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА