Вардар и Работнички в среда, со почеток во 13 часот, ќе го одиграат одложениот натпревар, со кој воедно ќе се спушти и завесата во Првата лига. Тренерот на „романтичарите“, Горан Станковски, верува дека неговиот тим може да извлече позитивен резултат во дербито.
„Вардар е фаворит, но јас верувам во нашиот тим и се надевам дека ќе одиграме квалитетно како на последните неколку натпревари. Доколку го сториме тоа, бидеме дисциплинирани во играта, мислам дека можеме да го изненадиме противникот. Кога Работнички ќе одигра на своето најдобро ниво, тогаш нема тим во лигата што е непобедлив. Работевме напорно во изминатите денови, се подготвуваме за последното есенско искушение, и веруваме дека ќе успееме да освоиме бодови“, истакнува шефот на стручниот штаб на Работнички за официјалниот сајт на клубот.
Работнички на овој меч ќе биде ослабен, со оглед дека поради повреда нема да настапи капитенот Душко Трајчевски, а пет жолти картони има Остоја Стјепановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА