Повремениот македонски репрезентативец Муарем Муарем и официјално стави потпис на двегодишен договор со албанскиот прволигаш Фљамуртари чиј тренер е поранешниот стратег на Шкендија, Шпетим Дуро.
По настапите во Азербејџан, Турција и Казахстан, 29-годишниот Муарем се одлучи да ја прифати понудата од еден од најдобрите албански клубови кој сезонава се бори за шампионската титула.
Членови на Фљамуртари се и поранешните фудбалери на Работнички и Шкендија, Горан Силјановски, Мухамед Усеини и Артим Положани, а помошник на Дуро е Јетон Беќири.
Муарем во редовите на Фљамуртари оди од казахстанскиот Актобе, а како што е познато претходно настапуваше и за Карабах во Азербејџан, и Ордуспор и Ескишехирспор во Турција. Во Македонија настапуваше за Скопје и Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА