Едно добро полувреме му беше доволно на Вардар за да му земе мерка на Металург и уште еднаш да го потврди она што е добро познасто – дека „црвено-црните“ се без конкуренција во СЕХА-лигата.
Ако до лани бевме сведоци барем на одлични битки со Веспрем, овојпат четата на Раул Гонзалес е далеку над нивото во регионалното натпреварување, лесно бележејќи победи дури и во ситуација кога Шпанецот ги ротира своите ѕвезди, па и шанси им дава на резервите.
Денешното дерби со хуманитарниот карактер заслужуваше и повеќе публика на трибините, за заокружување на фантастичната 2017 година во која Вардар владее не само со македонскиот и регионалниот, туку и со европскиот ракомет.
[new_royalslider id=”875″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА