Работнички има уште еден предизвик, одигрувањето на одложениот натпревар против Вардар, кој е закажан за 13.декември, со почеток во 13 часот. Тренерот Горан Станковски не дозволува никакво опуштање, се додека не биде одигран и овој меч. Напротив, се тренира напорно, затоа што градската пресметка со Вардар секогаш носи и дополнителна инспирација.
„Вардар не држи на готовс. Останува да го одиграме одложениот натпревар на 13 декември и секако дека максимално сериозно му приоѓаме на овој првенствен меч. Тоа е можност да го зголемиме бодовното салдо, иако не очекува тежок дуел против актуелниот шампион. Работиме напорно, се подготвуваме за последната есенска обврска, а потоа ќе ги сумираме резултатите од есенскиот дел, и ќе заминеме на одмор, се до почетокот на зимските подготовки“, вели шефот на стручниот штаб, Горан Станковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА