Детроит и Оклахома го одбранија домашниот терен, и со 2-0 „летаат“ за Кливленд односно Лос Анѓелес (ВИДЕО)

НБА плејофот продолжи синоќа, а во вториот натпревар видовме две нови победи за домаќините. Детроит Пистонс водат со 2-0 против Кливленд, а Оклахома се со 2-0 против ЛА Лејкерс.

Детроит продолжуваат да играат можеби најдобрата кошарка во последните неколку години, а тимот направи уште еден голем чекор кон финалето на Источната конференција откако по вторпат ги победи Кливленд Кавалирс со 107-97.

Кејд Канингем повторно беше централна фигура на Пистонс, кој одигра уште еден лидерски натпревар и го заврши натпреварот со 25 поени и 10 асистенции.

Тој имаше голема поддршка во искусниот Тобијас Харис, кој додаде 21 поен и повторно беше еден од најстабилните играчи на домашниот тим.

Серијата сега се сели во Кливленд, каде што Кавалирс ќе се обидат да ја спасат сезоната пред домашните навивачи, но моментумот е целосно на страната на Детроит.

Оклахома Сити Тандер продолжува да ја демонстрира својата сила во НБА плејофот, а актуелниот шампион на лигата стигна до шестата едноподруго победа откако ги победи Лос Анџелес Лејкерс со 125-107 и поведе со 2-0 во полуфиналето на Западната конференција.

Уште еднаш, главни фигури на домашниот тим беа Шаи Гилџус-Александар и Чет Холмгрен, кои постигнаа по 22 поени и ги предводеа Тандер до уште една убедлива победа.

Имаа голема поддршка и од играчите од втор план, па Аџај Мичел додаде 20 поени, додека Џаред Мекејн постигна 18.

Од друга страна, Лејкерси повторно играа без Лука Дончиќ, кој сè уште е надвор од теренот поради повреда, а неговото отсуство станува огромен проблем за тимот од Лос Анџелес.

Заедно со Дончиќ, Лејкерси беа и без Џаред Вандербилт, кој го повреди малиот прст на десната рака во првиот натпревар, па тренерот на Лејкерси имаше дополнителна скратена ротација.

Сепак, и покрај сите проблеми, гостите долго време беа рамноправен ривал и се чинеше дека можат да направат изненадување.

Остин Ривс одигра одлично по слабиот прв натпревар и го заврши натпреварот со 31 поен и многу ефикасен шут од поле. Леброн Џејмс исто така беше солиден, кој по 27 поени во првиот натпревар сега додаде 23 поени и се обиде да ги одржи Лејкерси во живот. Но, не успеа…

Се вчитува...