Стефан Ашковски двоен стрелец за Фортуна Ситард

Македонскиот фудбалски интернационалец Стефан Ашковски беше двоен стрелец за својот тим Фортуна Ситард во триумфот (2-3) на гости против младиот тим на ПСВ Ајндховен, во рамките на Втората лига на Холандија. Тој погоди во 61.минута и го врати својот тим во живот откако ПСВ водеше со 2-0 по првото полувреме, а во 86.минута го постигна и победничкиот погодок на овој меч.

Фортуна Ситард по оваа победа се наоѓа на второто место на табелата во Втората лига на Холандија со 32 бода, четири помалку од лидерот НЕК Нијмеген.

Се вчитува...