Од денеска до 17 декември, Германија ќе биде домаќин на 23.Светско првенство за ракометарки. Натпреварите ќе се играат во шест германски градови: Битигхајм-Бисинген, Магдебург, Олденбург, Лајпциг, трир и Хамбург каде што ќе биде завршницата на шампионатот.
Официјалниот старт на првенството ќе биде означен денеска со натпреварот меѓу домаќинот Германија и Камерун со почеток во 19 часот во „Лајпциг Арена“.
Натпреварите од првата фаза ќе се играат во четири групи со по шест репрезентации, од кои првите четири продолжуваат во елиминаторната осминафинална фаза, а последните две селекции од секоја група ќе разигруваат во „Президент купот“ за пласман од 17 до 24 место.
Норвешка е бранител на титулата од СП 2015 во Данска и главен фаворит за златниот медал и на овој шампионат. Во потесниот круг на фаворити се уште и селециите на Данска, Русија и Холандија.
СП 2017, групи:
Група А (Трир): Франција, Романија, Шпанија, Словенија, Ангола, Парагвај
Група Б (Битигхајм-Бисинген): Норвешка, Шведска, Чешка, Унгарија, Аргентина, Полска
Група Ц (Олденбург): Данска, Русија, Бразил, Црна Гора, Јапонија,Тунис
Група Д (Лајпциг): Холандија, Германија, Србија, Р.Кореја, Кина, Камерун
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА