Лионел Меси денеска во Мадрид и официјално ја доби „златната копачка“ за најдобар стрелец во лигите ширум Европа за сезоната 2016/2017, откако Аргентинецот ја заврши ланската сезона со дури 37 погодоци во дресот на Барселона. Иако остана без трофеј во ЛШ и во Примера дивизион, Меси имаше импресивни настапи со кои се искачи на врвот на листата на најдобри стрелци.
За Аргентинецот ова е четврта „златна копачка“ во кариерата, по оние во 2010, 2012 и 2013 година, со што се израмни со големиот ривал Кристијано Роналдо. Зад нив остануваат фудбалски асови како Герд Милер, Еузебио, Жардел, Анри и Луис Суарез, кои по два пати во кариерата стигнале до ова признание.
Меси во ланската сезона постигна 37 гола, а зад него се најдоа Баст Дост од Спортинг Лисабон (34 гола), Пјер Емерик Обамејанг (31) и Роберт Левандовски (30 гола).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА