Не е чудно што Аморим бара нов голман: Погледнете ја катастрофалната грешка на Онана (ВИДЕО)

Една од желбите на новиот тренер на Манчестер Јунајтед е промена на голманската позиција каде се наоѓа Андре Онана. Камерунскиот голман не е склон на грешки, напротив неговите лоши интервенции и додавања често лошо се одвиваат по неговиот клуб, а така беше и на денешното гостување кај Викторија Плзен.

На почеткот на второто полувреме Онана ја исфрли топката до противничкиот играч кој ја искористи голманската грешка и асистираше за погодок на својот тим.

На негова среќа, суперзамената Хојлунд постигна два гола па до крајот на средбата Манчестер Јунајтед направи целосен пресврт за три бода.

Онана се спаси на овој натпревар, но ќе биде чудо доколку се спаси престојното лето од отказ. Аморим веќе и ја пикираше неговата замена во голманот на Наполи, Алекс Мерет чиј договор истекува со крајот на сезоната.

Се вчитува...