Владимир Глигоров кој од неодамна е селектор на женската репрезентација на Либан и тренер на машката и на женската екипа на Ал Садака, со својот нов клуб стигна до првите титули. Двете екипи на Ал Садака викендов триумфираа во Купот на Либан, во машка и во женска конкуренција.
Глигоров со машката екипа на Ал Садака во финалето го победи Арми тимот со 31-26, а во женското финале, Ал Садака славеше против Марилис со 26-21.
„Ова беше победнички викенд за клубот. Задоволен сум од резултатите, радоста беше голема, посебно за победата на девојките бидејќи се далеку понеискусна екипа од машкиот состав“ – истанува македонскиот тренер на клупата на Ал Садака.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА