По триумфот против ПИК Сегед во Лигата на шампионите, Нант се враќа во победнички ритам и во француското првенство. Тимот на Кире Лазаров по двата порази во серија, конечно ја израдува домашната публика со триумф против Саран со 31-29 во натпреварот од 9.коло во Франција.
Нант наметна темпо уште од почетокот на мечот, а на средината од првото полувреме поведе со 12-9 и успеа да ја задржи предноста до крај. По девет кола, Нант има пет победи и моментно е на 6.место на табелата со 10 бода.
Во победата против Саран, Кире Лазаров постигна пет гола од осум обиди и беше втор стрелец во составот на Нант зад Давид Балагер кој заврши со девет погодоци.
Следниот предизвик за Лазаров и Нант ќе биде дуелот во ЛШ на 19 ноември против ППД Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА