Десниот бек на Реал Мадрид, Дани Карвахал се враќа во составот на „кралевите“ и ќе биде подготвен за градското дерби против Атлетико, закажано за претстојниот викенд. Шпанскиот репрезентативец паузираше повеќе од два месеци од секакви фудбалски активности, поради проблеми со срцето. Опоравувањето на Карвахал засега е без компликации, во текот на минатата недела извршуваше минимален напор на посебни тренинзи, со цел да се пресмета неговата физичка подготвеност, што воедно беше и тест за евентуални несакани дејства на срцето.
Под знак прашалник беше настапот на Иско, кој се повреди за време на репрезентативните обврски со Шпанија, но играчот за врска ќе биде во конкуренција за настап против „јорганџиите“ на нивниот нов стадион, „Ванда Метрополитано“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА