Соработката на Хуан Мата со Манчестер јунајтед може да заврши следното лето доколку Шпанецот не го обнови договорот со клубот од „Олд трафорд“ и стане слободен играч, а Реал Мадрид ќе се обиде да ја искористи ситуацијата и да го доведе во своите редови без обештетување. Реализирањето на овој трансфер би значело и враќање на Мата во редовите на Реал, 10 години откако го напушти клубот.
Но, Мурињо може да ги расипе плановите на „кралскиот“ клуб бидејќи размислува да се ослободи од Мата уште во јануари, само за Јунајтед да извлече каква таква заработка, знаејќи дека во 2014 година за неговите услуги исплатија 45 милиони евра на Челси.
29-годишниот плејмејкер иако стандарден во почетниот состав на повеќето натпревари сезонава, речиси и да не доигрува до последната минута. На важните пресметки против Ливепрул и Тотенхем беше на клупа, додека на гостувањето на „Стемфорд бриџ“ против својот поранешен клуб Челси, не се најде меѓу 18. фудбалери кои му беа на располагање Мурињо, со што се зголемуваат шпекулациите околу неговото заминување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА