Кире Лазаров по паузата поради повредата, се врати во составот на Нант, но, не успеа да му помогне на својот тим да го избегне поразот во дуелот со Шамбери (28-32) ) предводен од поранешниот македонски селектор, Ивица Обрван.
На Шамбери ова му е прва победа по лошата стартна серија со шест порази по ред во францускиот шампионат. За Нант пак ова е разочарувачки пораз на домашен терен и најава дека тимот на Лазаров по победничкиот старт влегува во кризен период дополнително оптоварен со бројни повреди во составот.
Лазаров го заврши натпреварот со еден погодок од седмерец, а најефикасен во лошото издание на Нант беше Давид Балагер со осум гола. Нападот на Шамбери во првиот триумф сезонава го предводеше Тунижанецот Амин Банур со максимални шест од шест, а со шест погодоци заврши и Кеидо Траоре. Но, голем дел од заслугата за триумфот оди кај младиот голман на Шамбери, Жилиен Мејер кој запиша 12 одбрани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА