Најдобриот канадски фудбалер Алфонсо Дејвис ќе отсуствува неколку недели поради повреда, објави неговиот клуб Баерн Минхен денеска.
Ова веднаш предизвика шпекулации за тоа дали брилијантниот 25-годишен лев бек ќе ја предводи канадската репрезентација на Светското првенство, кое ќе се одржи од следниот месец во САД, Канада и Мексико.
Сега се огласија и од канадската репрезентација.
„Во близок контакт сме со Алфонсо и остануваме во контакт со медицинскиот тим на Баерн по неговиот неодамнешен проблем. Нашиот фокус е на поддршка на неговото закрепнување и обезбедување на сите расположиви ресурси, вклучително и специјализирана експертиза, за да му обезбедиме најдобар можен пат за враќање во целосна физичка подготвеност пред Светското првенство“, објавија Канаѓаните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
