Скандал во Премиерлигата: Играч на Борнмут отстранет од тимот – се допишувал со малолетничка

Нов скандал ја тресе Премиерлигата, по информацијата дека играчот на Борнмут, Алекс Хименез бил итно отстранет од клубот откако на социјалните мрежи се појавила негова комуникација со девојка која имала помалку од 18 години.

Тимот од Премиерлигата се огласи со итно соопштение во кое нагласи дека додека не се реши состојбата, десниот бек ќе биде отстранет од клубот.

„Борнмут е свесен за објавите кои циркулираат на социјалните мрежи во кои е опфатен нашиот фудбалер Алекс Хименез. Клубот ја разбира сериозноста на оваа ситуација која моментално се истражува. Според тоа, Алекс нема да биде во тимот за утрешниот меч од Премиерлигата против Фулам. Клубот нема повеќе да се огласува околу овој случај се додека нема ништо ново“, велат од Борнмут.

Се вчитува...