Со дуелот меѓу Татран Прешов и Мешков Брест, денеска (17.15 ч.) ќе биде означен стартот на осмата сезона во регионалната ракометна СЕХА лига. Денеска се играат уште два натпревари од 1.коло, во Нови Сад е српскиот дуел меѓу повратникот во СЕХА, Војводина, и дебирантот во регионалното натпреварување, Динамо Панчево, а во Велење е словенечкото дерби меѓу Горење и Целје. На 31 август, Загреб го пречекува Целје.
На крај од првата рунда, на 2 септември Металург во СЦ „Борис Трајковски“ го пречекува Вардар, во првата меѓусебна пресметка на двата скопски ривали во новата сезона.
Во регионалната СЕХА лига и сезонава ќе се натпреваруваат десет екипи од кои најдобрите четири екипи во регуларниот дел, ќе се борат за титулата на Ф4 турнирот. Вардар ја брани титулата, а во отсуство на Веспрем во кругот на фаворити со „црвено-црните“ остануваат ППД Загреб, Горење и Мешков Брест.
Покрај Веспрем кој го откажа настапот во СЕХА лигата, од ланските учесници отпадна Извиѓач, а во регионалната лига се вклучени две екипи од Србија – Војводина и Динамо.
Во досегашните седум изданија на регионалната СЕХА лига, Вардар е најуспешен учесник со три шампионски титули, по две титули имаат освоено, Веспрем и ППД Загреб кој заедно со Вардар е еден од клубовите настапуваат во лигата од првата сезона.
СЕХА лига, 1.коло:
30 август
Татран Прешов – Мешков Брест (17.15 ч.)
Војводина – Динамо Панчево (19.00 ч.)
Горење – Целје ПЛ (20.45 ч.)
31 август
ППД Загреб – Нексе (20.30 ч.)
2 септември
Металург – Вардар (17.45 ч.)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА