Додека европските медиуми се занимаат со шпекулациите дали Лионел Меси ќе остане во Барселона или ќе има сензационален трансфер во Манчестер Сити, аргентинските имаат сигурна информација. Но, не за трансферот туку за проширувањето на семејството на ѕвездата на Барселона.
Меси и неговата сопруга Антонела чекаат трето дете, објави аргентинската телевизија Ел Трече ТВ. Иако се уште не се знае полот на дететот, среќната двојка по давата сина, сега посакуваат да добија ќерка.
Интересно е дека во исто време, принова во семејството очекува и ривалот на Меси, Роналдо. Португалецот веќе има три деца од сурогат мајка, а сега бремена е неговата девојка Џорџина Родригез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА