Македонскиот ракометен репрезентативец Велко Маркоски својата кариера ја продолжува во шампионатот на Романија, потпишувајќи договор со екипата на Доброгеа Суд.
Маркоски минатата сезона ја мина во дресот на Загреб, откако не доби нов договор со хрватскиот првак тој разгледуваше неколку понуди од странство за на крајот да ја прифати онаа на романскиот прволигаш, каде директор е поранешниот македонски репрезентативец Бранислав Ангеловски.
Тој за соиграч во новиот клуб ќе го има репрезентативниот колега, гоолманот Никола Митревски, а дел од тимот се и поранешните ракометари на Металург, Младен Ракчевиќ, Стеван Вујовиќ и Немања Младеновиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА