Арсенал во рамките од второто коло го претрпе и првиот пораз во Премиер-лигата, губејќи со 1-0 на гостувањето против Стоук. За разлика од првиот меч со Лестер, овојпат избраниците на Арсен Венгер немаа сили за целосен пресврт откако Хесе Родригез, засилувањето на Стоук од ПСЖ, го совлада Петр Чех на самиот почеток од второто полувреме.
Арсенал во следните триесетина минути тргна во офанзива, погодокот на Лаказет беше поништен поради офсајд, додека последниот обид на Жиру во 93. минута беше за малку непрецизен.
„Топчиите“ во рамките од третото коло го играат и својот прв дерби меч сезонава, на „Енфилд“ против Ливерпул.
Jese Rodriguez Goal Stoke City 1-0 Arsenal – 19… by ZidaneHD
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА