Борко Ристовски и останатите ракометари на Барселона денеска стартуваа со подготовките за новата сезона. По вообичаените медицински тестови, утре Барселона се сели во својата база во Андора каде шпанскиот првак секоја година ја одработува првата фаза од подготовките.
Од ланскиот македонски двоец во дресот на Барселона, во следната сезона останува само Борко Ристовски на голо, а Кире Лазаров по четири сезони поминати во каталонсклиот тим, летово се пресели во францускиот Нант. Во дресот на Барселона во новата сезона ќе го нема и данскиот пикер Јеспер Нодесбо кој се врати во Данска, а од вчера официјално тимот со тимот се раздели и чешкиот бек, Филип Јиха.
Нови лица во најтрофејниот европски клуб се словенечкиот десен бек Јуре Доленец, кубанскиот пикер Алексис Хернандес Боргес и младиот француски репрезентативец на десно крило, Јанис Лен.
Првиот настап и броба за првата титула во новата сезона за Барселона почнува на 25 август на Супер Глоуб во Доха на кој каталонците гоиднава настапуваат со специјална покана од организаторот, а потенцијале противник во полуфиналето може да им биде екипата на Вардар. Барселона и Вардар сезонава ќе играат меѓусебе и во групната фаза од Лигата на шампионите која стартува на 13/17 септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА