Стручниот штаб на Нант дефинитивно има план како да ги релаксира своите ракометари при подготовките за новата сезона. Јасно е дека ракометарите ќе имаат напорни предизвици на ракометните терени во месеците што следат, па Кире Лазаров и соиграчите во меѓувреме се опуштаат со други спортови.
Така, денеска се тренираше одбојка, а потоа ракометарите се пресметаа и во „баскет“, дуел во кој македонскиот репрезентативец имаше значајна улога.
На крај, за опуштање следеше партија голф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА