Грција си го доби заслуженото: ЕХФ ја исклучи од кадетското првенство во Македонија

Женската ракометна репрезентација на Грција е исклучена од кадетското првенство што под закрилата на ЕХФ се одржува во Скопје. По скандалот што го направија вчера, кога не сакаа да го одиграат мечот против Македонија, поради веќе познатите фрустрации што го имаат со името, Европската куќа на ракометот, одлучи жестоко да ги казни и ги исфрли од натпреварувањето. Така налагаат и пропозициите на ЕХФ за вакви испади.

Гркинките најпрво не сакаа воопшто да го започнат натпреварот, а потоа се повлекоа дефинитивно по само 32 секунди игра. На крајот, добија исклучување од ЕХФ, а ќе треба да платат и парична казна од 25.000 евра. Македонија го доби службено овој натпревар со 10-0.

Се вчитува...