Поранешниот светски првак Тајсон Геј нема да се натпреварува на претстојното Светско Првенство во атлетика што ќе се одржи во Лондон, откако не успеа да ги мине американските квалификации. Геј најпрвин не успеа да оствари добро време на 100 метри, а потоа потфрли и на 200 метри, каде со 21,37 секунди беше елиминиран уште во полуфиналето.
Огромниот пад на формата на фантастичниот спринтер се должи на семејната трагедија минатата година, кога неговата ќерка беше застрелана во Кентаки. И покрај разочарувачкиот настап на овие квалификации, Геј истакнува дека не размислува за пензија.
„Целта ми е да се вратам во старата форма. Сигурно ќе трчам уште неколку пати. Се чувствувам спремен, само треба да се фокусирам, иако тоа не е нималку лесно“ – изјави Тајсон Геј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА