Жозе Мурињо е „избраниот“ тренер од страна на Флорентино Перез, откако првиот човек на Реал Мадрид разгледа неколку различни опции, но на крајот пресече дека португалскиот стратег е идеален за враќање на „кралскиот клуб“ на победнички патеки и освојување на трофеи, нешто што не беше случај во последните две сезони.
Мурињо има договор со Бенфика, но тој проблем се решава со плаќање на клаузулата во висина од три милиони евра, а португалските медиуми веќе пишуваат дека и на челниците на Бенфика им е јасно дека „специјалниот“ нема да остане и дека летово ќе мора да се бара нов стратег.
Приоритет на Жозе во моментов е трката за второто место на табелата, но паралелно со тоа неговиот агент води преговори со Флорентино Перез. Според шпанските медиуми, во моментов разговорите се закочени околу една клучна точка – Мурињо инсистира на автономија при трансферите, нешто што е невозможно кога станува збор за Перез, кој секогаш настојува да преговара со најзвучните имиња дури и кога тие не се неопходни за играчкиот кадар на Реал.
Мурињо бара контрола над трансферите, Перез има поинакви идеи, но се верува дека двајцата ќе најдат заеднички јазик и ќе постигнат компромис и за ова прашање. Ако се биде во најдобар ред, Флорентино би сакал да го потпише Мурињо најдоцна до почетокот на јуни, за Реал да го има решено тренерското прашање пред стартот на претстојниот мундијал, закажан за 11 јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
