Дејвид Мојес повеќе не е менаџер на Сандерленд откако овој стратег реши самиот да си поднесе оставка од улогата на шеф на стручниот штаб на овој довчерашниот премиерлигаш. Само 24 часа по завршувањето на сезоната во која Сандерленд целосно потфрли, Мојес реши да ја преземе врз себе одговорноста, поднесувајќи си оставка.
Иако претходно најавуваше дека е подготвен да остане и експресно да го врати тимот во елитното друштво, Мојес го смени ставот откако во последните петнаесетина дена се почесто беше критикуван и од дел од фудбалерите. Свесен дека ја има загубена поддршката меѓу играчите, поранешниот стратег на Манчестер јунајтед реши самиот да се повлече од функцијата.
„Сакам да му се заблагодарам на претседателот Елис Шорт, како и на бордот на директори, што ми дадоа шанса да го водам овој клуб, како и кон навивачите кои секогаш со огромна страст ни даваа поддршка. Јас си заминувам од Сандерленд, но искрено посакувам мојот наследник и фудбалерите експресно да се вратат во Премиер-лигата“ – изјави Мојес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА