Најголемиот македонски фудбалски талент, Дарко Чурлинов има извонредна сезона во екипата за играчи до 19 години на германски Келн. Без конкуренција Македонецот е во фокусот на вниманието на комплетната германска јавност и по пласманот на неговата екипа во финалето од младинскиот ФВМ Куп на Германија.
„Се чувствувам навистина прекрасно оваа сезона во која почнувам да ги реализирам своите соништа. Мора да признаам дека и по настапот за сениорската репрезентација на Македонија добив дополнителен елан за мое уште понагласено докажување, и огромна желба за дополнителен развој во кариерата“ – вели Чурлинов.
А, Германците се уште зборуваат и за негово издание на дуелот против Баер Леверкузен по кој Келн се пласираше во финалето на младинскиот ФВМ Куп. Чурлинов не се запиша во листата на стрелците, но запиша две извонредни асистенции во триумфот од 1-3…
* Акцијата на Чурлинов за третиот погодок на Келн може да ја погледнете на временскиот исечок – 2:35…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА