Хрватската полиција лиферуваше информации дека денеска може да се очекуваат нереди на дуелот меѓу Хрватска и Украина во квалификациите за СП 2018, поради што се преземени бројни мерки за заштита на сите лица кои планираат да го гледаат натпреварот.
„Полицијата е подготвена на сите можни сценарија. И до нас пристигнаа информациите дека можни се сериозни нереди. Но, контролите ќе бидат ригорозни, подготвени сме уште на влез од стадион да спречиме лица за кои ќе се посомневаме дека би можеле да предизвикаат инциденти“ – велат од хрватската полиција.
Интересно е дека изминативе денови полициски инспектори веќе ги претресувале навивачките простории на БББ, Торцида, Армада, Ултрасите од Винковци, а надзори се извршени во десеттина градови. Натпреварот на „Максимир“ во пошироката зона ќе биде обезбедуван од повеќе стотици полицајци, а полицајци во цивилка ќе има и на самиот стадион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА