Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Велшанецот Рајан Гигс, ’распали’ по Премиер – лигата, кога е во прашање квалитетот на фудбалерите и тимовите во целина, истакнувајќи дека токму затоа и не можат да се носат со најдобрите европски клубови во Лигата на шампионите. Тој вели дека периодот додека тој играл во Манчестер јунајтед, имало многу повеќе фудбалери од врвна класа во Англија, а сега се само – двајца.
„Тоа е значаен фактот за презентацијата на англиските тимови во Лигата на шампионите. Едноставно им недостига квалитет. Многу поинаку беше во периодот од 2005 до 2012 година, па затоа и резултатите во ЛШ беа многу подобри. Покрај Серхио Агуеро и Алексис Санчез, јас не гледам фудбалери од врвна класа во Премиер – лигата. Оваа сезона Лестер ја претставува Англија во елитното натпреварување, но факт е дека тие немаат ниту еден играч од врвна класа. Тоа е тим со одличен дух, но, за жал, далеку се од класата на Барселона, Реал Мадрид или Баерн Минхен. За да освоите ЛШ, покрај многу труд, среќата која мора да ја имате во текот на сезоната, едноставно морате во тимот да имате најмалку четворица фудбалери од врвна класа“, истакнува Рајан Гигс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА