Изненадување или не, Гвардиола е заинтересиран за напаѓачот на Свонси, Фернандо Љоренте. Шпанецот е во одлична форма во последно време. Ги тресе мрежите сѐпочесто, а тоа не остана незабележано.
Поранешниот голгетер на Билбао, Јувентус и на Севилја, на лето би можел да го засили тимот на Манчестер сити, каде би ја имал улога на „џокер од клупата“. Сити од следната сезона ќе прави „чистка“, сѐпочесто се споменува заминување на Агуеро, но ангажманот на Љоренте во секој случај е резервна варијанта и не зависи од евентуалното заминување или останување на најдобриот стрелец на „граѓаните“.
Иако имаше шанса да се пресели во Челси во зимскиот преоден рок, Љоренте остана на „Либерти“, задоволен од настапите и статусот во тимот. Сега одново ќе може да бира дали ќе оди во поголем клуб, или пак ќе остане лојален на „лебедите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА