Жозе Мурињо долги години немаше превисоко мислење за Клаудио Раниери, стратегот што Португалецот го наследи во Челси и ја почна својата успешна приказна во Премиер-лигата. Сепак, трофејниот стручњак не го криеше воодушевувањето од чудесната сезона на Раниери со Лестер, па затоа и јавно му даде поддршка на искусниот стратег по вчерашниот отказ од клупата на „лисиците“.
„ШАМПИОН НА АНГЛИЈА И ФИФА ТРЕНЕРОТ НА ГОДИНАТА доби отказ. Тоа е новиот фудбал, Клаудио. Продолжи да се смееш пријателе, никој не може да ја избрише историјата што ја напиша“ – напиша Мурињо на својот инстаграм-профил.
Португалецот навистина е „специјален“, нема што.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА