Фудбалската федерација на Шпанија доби интересна понуда од градоначалникот на Мелилја, Хуан Хозе Имброде, квалификацискиот натпревар за СП 2018 година во групата во која се наоѓа и Македонија, да го одигра во Африка. Всушност, се работи за Мелилја, град кој се наоѓа на северниот брег на африканскиот континент, но е шпанска енклава, опкруќена со територијата на Мароко. Сепак, тоа е дел Иберијскиот полуостров и се смета за дел од Андалузија.
Оваа територија е во сопственост на Шпанија од 1947 година, иако Мароко и денес тежнее да ја припои кон себе. Клубовите од оваа област играат играат во ниските лиги на Шпанија, а доколку федерацијата ја прифати понудата ќе имаат можност да го нагостат и националниот тим.
Репрезентацијата на Шпанија, доколку секако добие дозвола и од ФИФА, би ја пречекала Албанија на 6.октомври на стадионот „Алварез Кларо“ во Мелилја, кој има капацитет од 12.000 гледачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА